Во болниците во земјава, каде што се третираат ковид-пациенти, лежат вкупно 1 297 лица кои се позитивни или сомнителни на вирусот и има околу 150 слободни кревети, покажува денешниот извештај од Министерството за здравство.
Во болниците од внатрешноста се сместени повеќе од половина пациенти – 812.
Најмногу има во Куманово – 118, Прилеп – 112 и Охрид – 110.
Во струмичката болница лежат 79 пациенти, во Велес 64, во Штип 55, во Гостивар 55, во Тетово 47, во Кавадарци 40, во Струга 21, во Кочани 20, во Кичево 15, а во Гевгелија 7.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, од Министерството за здравство велат дека се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени.