Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период
Ќе се дигитализираат дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Ваква одлука донела Владата на денешната седница.
Целта на ваквите е-конзулати е да се овозможат брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено стана неопхпдно поради пандемијата и забраната за патувања.
„Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во дипломатско-конзуларните претставништва, почнувајќи од постапката за аплицирање, он-лајн плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта. Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период“,
се вели во соопштението од владината прес- служба.