„Првиот премиер, вториот премиер, оној неформалниот премиер, господинот Ахмети и секогаш истото го прави со сите однадвор. Видете не смееме идоли да правиме од меѓународните претставници. Да, треба да сме дипломати, но сепак ние имаме право, иако живееме во мала прекрасна држава да ги изложиме и да ги браниме, државните и национални инетреси. Политиката мора да стане уметност на можното. Ама не може да биде уметност, ако во неа учествуваат приучени, неспособни луѓе, не за да ја бранат македонската кауза, туку само да се збогатат“, рече од Штип кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ
Замислувам дека на 24 април ќе се случи политички земјотрес, а на 8 мај политички вулкан.
Ова денеска од последниот ден од првиот круг на претседателската кампања од митингот во Штип го порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, ветувајќи дека на 24 април и на 8 мај повторно ќе слават на сите плоштади.

„Доаѓа времето на градителите на Македонија, на оние кои ја имаат во кодот Македонија. Татковината не се менува, таа се наследува, немаме друга и мора да ја сочуваме гордата татковина Македонија“,
рече таа.
Зборувајќи за политичките опоненети рече дека државата не може да има полза од човек кој нема свој став, кој секогаш се согласува пред да го прашаат.
„Првиот премиер, вториот премиер, оној неформалниот премиер, господинот Ахмети и секогаш истото го прави со сите однадвор. Видете не смееме идоли да правиме од меѓународните претставници. Да, треба да сме дипломати, но сепак ние имаме право, иако живееме во мала прекрасна држава да ги изложиме и да ги браниме, државните и национални инетреси. Политиката мора да стане уметност на можното. Ама не може да биде уметност, ако во неа учествуваат приучени, неспособни луѓе, не за да ја бранат македонската кауза, туку само да се збогатат. Доста беше низ вакви случајни минувачи низ политиката. Македонија мора секаде да ги има најдобрите, зашти тие ќе се опкружат со слични на нив. Тоагш ќе мора да ги чујат аргументите. Тогаш сигурно дека ќе помислат дека има и друго решение“,
рече Силјановска Давкова.
Според неа, власта не се однесувала демократски, туку автократски, а порача и дека престедателот не смее да се отуѓува од граѓаните.
Вети дека ќе се консултура со народото во народните канцеларии, за кои рече дека сега ги нема.
Во обраќањата во Собранието рече дека ќе води сметка за усогласена политика.
Во однос на ингеренциите на престедателот, кажа дека на судството му се потребни реформи, дека е важно да дојдат истаканти правници и најави дека надвор ќе одат вистински дипломати од кариера.
„Од вас зависи што ќе се случи на 24-ти јас реков очекувам политички земјотрес, и на 8 мај вулкан, а потоа ќе се смират македонските води и мирно ќе тргнеме во демократски промени. Прочитајте ја Библијата. Македонија во срцата и во умот“,
рече Силјановска-Давкова.