Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76, информираше министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.
Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште 1 лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци.
Претходно денеска на прес-конференција Филипче предупреди дека трендот на развој на коронавирусот во земјава укажува на тоа дека бројот на нови случаи ќе расте и најави дека на седница на Владата ќе предложи построги мерки за справување со ситуација.
По завршувањето на вечерашната владина седница пак, техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше дека меѓудругото, Владата им наложила на Министерството за одбрана, Армијата и Министерството за внатрешни работи да подготват план за евентуално воведување многу порестриктивни мерки за движењето на граѓаните.
Поврзани вести:
Владата размислува за воведување на полициски час, ЕБР почнува со патроли на улица