Во изминативе 24 часа починаа шест лица од коронавирус, од кои четири на Инфективната клиника, а две во болницата „8 Септември“, информираше Министерството за здравство.
*Поврзана вест: Нови 54 заболени со коронавирус во земјава, прв случај потврден во Кичево
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово, а во Болницата ‘8 Септември’ починаа две лица, пациент од Велес (67 г.) и пациент од Куманово (59 г.)“,
соопштија од Министерството за здравство.
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 54 случаи со коронавирус од направени вкупно 710 теста.
Новодијагностицирани по градови се: Скопје – 13, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 10, Тетово – 1, Велес – 2, Гостивар – 1, Кичево – 1.