Нови 54 случаи на новодијагностицирани лица со коронавирус се забележани во земјава за последново деноноќие, а починати се шест лица. Прв случај на коронавирус е потврден и во Кичево.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четири пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово, а во Болницата ‘8 Септември’ починаа две лица, пациент од Велес (67 г.) и пациент од Куманово (59 г.) Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови“,
велат од Министерството за здравство.
Од новите потврдени случаи по градови се: Скопје – 13, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 10, Тетово – 1, Велес – 2, Гостивар – 1, Кичево – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 329, Куманово – 236, Дебар – 49, Штип – 28, Прилеп –85, Тетово – 38, Струга – 43, Велес – 34, Битола – 9, Охрид – 4, Кавадарци – 3, Гостивар – 9, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 22, Пробиштип – 2, Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет -18, „Авицена“ – 20, „Биотек“ – 24 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со PCR-метода се вклучи и „Систина“ од каде што во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9 262 тестирања на ковид-19.