Во интервју за „360 Степени“, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, зборуваше за Законот за употреба на јазиците и дали имало основа тој да носи европско знаменце.
– Јас и денеска одговорно тврдам дека ова е закон кој треба да влезе во собраниска процедура со европско знаме. Европското знаме и во минатото, од самиот почеток кога се воспостави тој концепт не се однесува само на усогласување на текст со стандардните директиви, туку на законите коишто се опфатени од Национална програма за усвојување на правото на ЕУ, во која еден дел се поглавјата, а друг таканаречените политички критериуми – рече Шекеринска.
Повеќе од видеото.
Напишете коментар