Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија по средбата со Генчовска денеска изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Северна Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.
Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.
Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, се вели во соопштението од МНР.
Шаленберг денеска беше во Софија на средба со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Тој по средбата изјави дека изјави дека Виена се надева дека преговорите со Албанија и Република Северна Македонија за нивното европско членство ќе започнат во јуни.