Со караница и искупување два проектили од пушка завршила вчерашна семејна веселба во скопското село Долно Соње.
Семејната веселба била во куќа на 56-годишен Скопје. По завршувањето, во куќата околу 1 часот по полноќ дошле две момчиња на возраст од 24 и 27 години. Тие за кратко време заминале, но набргу се вратиле – едниот со ловечка пушта, другиот со боксирач.
„Тие влегле во дворот на куќата при што 27-годишникот го нападнал го по Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак 24-годишниот С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица. Во тој момент едно до присутните лица ја фатило пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух“,
пишува во полицискиот билтен.
По ова, двете момчиња заминале од дворот на куќата, а припадници на ЕБР од полициската станица Кисела Вода веднаш излегле на терен, ги пронашле и привиле момчињата.
МВР, додаваат оттаму, работи на целосно расчистување на случајот.