На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на ковид-19, информираат од министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус.
Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од ковид-19, посочуваат, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт.
Утре ќе се земат и втор дел од анкетите и тие, според Министерството, најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот.