Се „замрзнуваат“ роковите за концесии за минерални суровини, но не и наплатата на надоместок
Со Уредба со законска сила, Владата ги запре роковите за концесиите за минерални суровини со цел, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите да можат непречено да работат во текот на вонредната состојба.
„Со оваа Уредба роковите за постапките за концесии престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да продолжуваат по истекот на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба“,
рече Бектеши.
Со оваа Уредба, нагласи тој, не се предвидува одложување на наплатата на концесискиот надоместок бидејќи тој се плаќа по продадена, експлоатирана количина на минерална суровина.
„Од друга страна, обврската за наплата на концесискиот надоместок за користење на просторот истекува на 31 декември во тековната година што подразбира дека надоместокот за користење истекува на 31 декември 2020 година и со тоа ќе се наплаќа до крајот на годината“,
посочи министерот.