Пациентите во болницата во Петриња чекаат да бидат евакуирани, откако по денешниот силен земјотрес во објектот долго време немаше ниту електрична енергија ниту греење.
Одреден број пациенти се во болницата, а другите се надвор и чекаат превоз за Загреб.
Во Петриња се уште трае потрага по преживеани лица, а досега загинаа најмалку шест лица.
Земјотресот беше со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот беше на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриње. Потоа следуваа уште неколку потреси.