Според последните информации, најмалку шест лица загинаа во земјотресот што денеска ја погоди Хрватска.
Во Петриње загина 13-годишно девојче, додека во селото Мајске Пољане во Глина загинале уште четири лица. Пронајдена е жена под урнатини и нејзиното спасување е во тек.
По затрупани луѓе се трага на уште три други локации, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут, пренесува Хина.
На терен се осум кучиња во потрага по настрадани под урнатините од земјотресот.
Во разорениот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска има и десетици повредени и предизвикана е голема материјална штета во Загреб, Сисак и Петриња.
Епицентарот на земјотресот во 12:20 часот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, односно на три километри од Петриња, а земјотресот бил почувствуван во целиот регион. Потоа следуваа уште неколку потреси.