Ужасот во Петриње, Хрватска, епицентарот на денешниот разорен земјотрес, се гледа при јавувањето во живо на репортерот на ТВ Алџезира Балканс, Марин Вершиќ.
За време на неговиот извештај се случи нов потрес, а како последица разурнат објект позади него продолжи да се распаѓа.
Во исто време, покрај него поминуваа родителите на загинатото девојче. Нивните вресоци и плач го вознемирија и репортерот Вершиќ.
Денешниот насилен потрес со интензитет од 6,3 степени се случи во 12:15 часот, а земјата во Хрватска и натаму се тресе.
Хрватските медиуми јавуваат за десеттици повредени во Петриње, Сисак, Загреб и други градови.
Досега официјално има само една жртва – 12-годишното девојче.