До вчера, во земјава беа потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, а денеска нема новопријавени случаи
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска.

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти за кои постои сомнение дека се позитивни на западнонилска треска, за кои се чекаат резултатите од направените лабораториски испитувања.
До вчера, во земјава беа потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од Здравство информираа дека 10 од пациентите се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба.
По потврдените случаи на западнонилска треска во земјава, која најчесто се пренесува преку убод од заразен комарец, Институтот за јавно здравје вчера издаде препораки до граѓаните за заштита на здравјето при патување
