Во текот на ноќта е спроведена терестична (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата
Потврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство (МЗ).

„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“,
се вели во соопштението од МЗ.
Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е Центарот за јавно здравје-Скопје да спроведе дополнителна терестична (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.
Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.
