Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и за други 85 концесии за рудници низ целата држава, велат од СДСМ. Од владејачката партија потенцираат и дека одлуката за рудникот Иловица беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во „Службен весник“ истиот месец 2012 година.
„Истата година, Општина Босилово и Општина Ново Село, во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник. Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски. Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие“
се наведува во соопштение од СДСМ.
Поради лошите и популистички одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години, додаваат од СДСМ и велат дека нивната партија од прв ден е против рудниците.