Лицата прво ги вознемирувале присутните гости, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон женско лице, но не ја погодил. Потоа започнале да го кршат инвентарот во објектот и ги активирале противпожарните апарати

Две лица ноќеска предизвикале инцидент во казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, при што оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според пријавата во СВР Скопје, случајот бил регистриран ноќеска во 02:35 часот. Лицата прво ги вознемирувале присутните гости, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон женско лице, но не ја погодил. Потоа започнале да го кршат инвентарот во објектот и ги активирале противпожарните апарати.
Поради проблеми со дишењето, неколку лица – гости и вработени во казиното – биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.
