По пет години континуирано водство на Министерството за одбрана, на првата позиција годинава се искачи Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како единствено министерство со максимални 100 проценти активна транспарентност
Кај локалната власт, четири општини постигнале идеален резултат од 100 проценти – Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип. На последното место на листата и оваа година се наоѓа Општина Лозово со најниски 36,9 проценти

Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и општините во Северна Македонија за 2026 година изнесува 82 проценти, што претставува подобрување за два процентни поена во однос на минатата година, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) на денешниот Меѓународен ден на универзалниот пристап до информации објавувајќи го редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност.
Рангирањето, во кое биле опфатени вкупно 102 институции, покажува дека министерствата и Владата оствариле просечна транспарентност од 86 проценти, додека кај општините просекот се искачил на 81 процент. Меѓутоа, и покрај генералниот позитивен тренд, дури 41 процент од анализираните институции ја влошиле својата транспарентност во споредба со минатата година.
По пет години континуирано водство на Министерството за одбрана, на првата позиција годинава се искачи Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, како единствено министерство со максимални 100 проценти активна транспарентност.
Во извештајот се вели дека од 20 министерства и Владата, кај 12, односно повеќе од половината има пораст на активната транспарентност, додека кај останатите 9 има намалување.
„По пет години апсолутен примат на врвот на рангирањето со неприкосновени 100 отсто, Министерството за одбрана годинава падна на петтата позиција со 93,2 проценти исполнетост на обврските од активната транспарентност. И втората институција која лани имаше 100 отсто, Министерството за дигитална трансформација, годинава падна на втората позиција со 97,6 проценти“,
се вели во извештајот од ЦГК.

Кај локалната власт, четири општини постигнале идеален резултат од 100 проценти – Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип. На последното место на листата и оваа година се наоѓа Општина Лозово со најниски 36,9 проценти.
Од ЦГК велат дека ниту една од општините што лани имале максимални 100 отсто активна транспарентност, годинава не ја задржале водечката позиција.
„Дури 51 општина (четири повеќе од лани) се наоѓаат во најдобрата група на институции, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност, односно со исполнување на обврските за објавување јавни информации од 80 до 100 отсто“,
наведено е во извештајот.
Во регионална рамка, се вели дека Источниот Регион и годинава ја задржал лидерската позиција меѓу регионите, со зголемување на активната транспарентност на 91 отсто, што е прв пат некој регион да ја достигне и надмине границата од 90 проценти. Сите општини од овој регион, освен една, се наоѓаат во групата институции со ’многу
добра‘ активна транспарентност од 80 до 100 отсто.

Втор е Југоисточниот Регион со 89 отсто, а Гевгелија ја има задржано лидерската позиција во регионот зголемувајќи ја својата активна транспарентност за нови четири поени во однос на лани
Трет е Југозападниот Регион со 87 проценти, а Кичево е на лидерската позиција на која се наоѓа трета година по ред, но не ги зачувале максималните 100 отсто од претходните две години и годинава има 98,5 проценти.
Пелагонија останува на четвртото место со непроменета активна транспарентност со 80 отсто, Демир Хисар е на лидерската позиција во регионот, но годинава со освоени максимални 100 отсто.
Вардарскиот Регион е еден од регионите кои најмногу ги менува своите места на рангирањето. Лани паднал од петтата на претпоследната позиција, за годинава повторно да се искачи на четвртата позиција, со седум процентни поени подобрена активна транспарентност.
Скопскиот Регион годинава е шестото место со 75 отсто активна транспарентност, а од општините на водечката позиција е Илинден, со 98,5 отсто активна транспарентност. Центар е на втората позиција, Гази Баба годинава го дели третото место со Карпош, а Град Скопје е на деветтата позиција со речиси идентична активна транспарентност како и лани со 72, 3 отсто.
Во однос на тоа за што најмногу или најмалку се објавуваат информации, во истражувањето на ЦГК се вели дека пристапот до информации од јавен карактер предничи, а за финансиите најмалку се кажувало.
„Кај активното објавување информации од областа на финансиите, односно за буџетската и за фискалната транспарентност, општините исполнуваат само 64 отсто, а министерствата 71 %процент од обврските за активно објавување информации. Ова значи дека и кај општините и кај министерствата, по ланскиот пад, годинава има извесно зголемување на активната транспарентност во делот на нивните финансии“. Имено, лани,
пишува во извештајот.
општините објавувале 59 %, а министерствата 58 % од информациите за финансиите”,
Во однос на одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им биле испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање, 32 отсто го доставиле одговорот по истекот на законскиот рок, а шест институции воопшто не одговориле на барањето.

