Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се е во агонија, со лажни партиски агенди мислат дека ќе го сокријат изборниот пораз, граѓаните ги казнија, нивните режимски политики остануваат во опозиција, реагираат од СДСМ во соопштение до јавноста, коментирајќи ги измените во Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку побрзо го признаат изборниот пораз, толку побрзо на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им заврши агонијата низ која во моментов поминуваат. Граѓаните на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски, граѓаните дадоа црвен картон за сите кои се заглавени во матрицата на режимот на Груевски и тој факт не можат да го сокријат никакви лажни аплаузи во белата палата. Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад“,
велат од СДСМ.
Од таму промената на партискиот Статут ја оценија како лажна партиска агенда, во обид да се скрие изборниот пораз.
„Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада. Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи. Република Северна Македонија се ослободи, но ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробена од инсталациите на Груевски. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане во опозиција, а на Мицкоски како шпицен аутсајдер не му останува ништо друго освен да бара помош од Будимпешта, за да остане барем уште малку на климавото столче во белата палата. СДСМ заедно со граѓаните продолжува напред, уште подобро и уште поуспешно. Нашата држава тргна по европскиот пат и враќање назад нема“,
се вели во партиското соопштение.