СДСМ го осуди настанот со фрлената експлозивна направа во објектот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во Изборната единица 2, Владо Мисајловски.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека и СДСМ и тој лично го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат.
„Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, којшто ние имаме можност како граѓани да видиме за што навистина и како го злоупотребува МВР. Секако, имавме можност да видиме како снима видео спот за партиски цели, наместо да се грижи и да се занимава со она што значи обврска како министер за внатрешни работи“,
рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Струмица.
Тој рече и дека Мицкоски пушта лажна вест со тоа што го обвинува СДСМ дека стои зад настанот.
„Уште еднаш ќе кажам дека станува збор за лажни вести и го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација, дополнително затоа што сме сигурни во тоа што го кажуваме. Го повикуваме МВР да го истражи случајот и да ја потврди лажната вест на Христијан Мицкоски“,
додаде портпаролот на СДСМ.
*Поврзани вести:
(ВИДЕО) Мисајловски: Во продавницата на моето семејство е фрлена експлозивна направа
Мицкоски: СДСМ е одговорен за експлозивната направа кај Мисајловски