Бајден и Меркел искажале волја заеднички да работат на нивните приоритети во надворешната политика, вклучувајќи го и Западен Балкан
Американскиот претседател, Џо Бајден, во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврдил дека САД ја реафирмираат својата посветеност на членот 5 за колективна одбрана од Северноатланскиот договор.
„Претседателот му се заблагодари на генералниот секретар за неколебливото лидерство со Алијансата и ја пренесе неговата намера да се консултира и да работи со сојузниците за целиот спектар на заеднички безбедносни проблеми, вклучувајќи ги Авганистан, Ирак и Русија. Претседателот Бајден ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави за колективна одбрана согласно член 5 од Северноатлантскиот договор и ја истакна неговата заложба за зајакнување на трансатлантската безбедност. Претседателот на САД, исто така, ја потенцира важноста на споделените вредности, консултации и можности за зајакнување на ограничувањата и одговорот на новите закани, вклучувајќи ги климатските промени и глобалната здравствена безбедност“,
информира Белата куќа.
Во вчерашниот разговор, претседателот на САД и германската канцеларка, Ангела Меркел, искажале волја заеднички да работат на нивните приоритети во надворешната политика, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија, Украина и Западен Балкан.
„Лидерите, исто така, се согласија за важноста на глобалната соработка, вклучително и преку обновување на американската посветеност на мултилатералните организации, за борба против климатските промени, борбата со ковид-19, како и во напорите за трајно опоравување на светската економија предизвикана од корона-кризата“,
соопшти Белата куќа.