По однос на понудената гаранција за мерката за претпазливост, од Кривичен рекоа дека оформен е предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство, а по добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска излегува од куќен притвор, бидејќи истекува максимално предвидениот законски рок за оваа мерка.
На Артан Груби, покрај куќниот притвор, му е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница. Тој преку својата одбрана понудил гаранција од околу 336 илјади евра во недвижен имот за да му биде укината и оваа мерка.
Од Кривичен, минатата недела рекоа дека обвинителниот предлог по кој им се суди на Груби и на уште седуммина обвинети во предметот „Државна лотарија“ е поднесен на 13 август оваа година. Согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог.
По однос на понудената гаранција за мерката за претпазливост, од Кривичен рекоа дека е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство, а по добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста.
Артан Груби е обвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето, за кое е предвидена максимална казна од една до пет години затвор. Тој на судењето се изјасни за невин.
Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од 14 месеци недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.
Поврзани вести:
- Покренато обвинение за Артан Груби и за уште седум лица од случајот „Државна лотарија“
- Артан Груби не се чувствува виновен во случајот „Државна лотарија“
- Зошто е сменето кривичното дело за кое се товари Артан Груби
- МВР и АНБ процениле дека Артан Груби не е безбеден во Шутка – велат од Обвинителството за куќниот притвор на бегалецот
- Обвинителството својот прв сведок во предметот „Државна лотарија“ го прогласи за „непријателски“ – даде исказ во полза на одбраната
- (ВИДЕО) Обвинителството со 231 материјален доказ и седум сведоци ќе докажува вина на Артан Груби и останaтите обвинети во „Државна лотарија“
