Тоа значи дека малопродажната цена на еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар. И дизелот останува уште една недела по цена од 97 денари за литар

Цените на бенизните и дизелот од полноќ остануваат со иста цена – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката, нова, повисока цена ќе има за мазутот.
Тоа значи дека малопродажната цена на еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 100,50 денари за литар. И дизелот останува уште една недела по цена од 97 денари за литар.
Непроменета е и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 108,50 денари за литар.
Цената на мазутот од полноќ се зголемува за 2,145 денари за килограм и тој ќе се продава за 51,742 денари.
Минатата недела РКЕ донесе одлука со која цените на горивата се намалија, и тоа на бензините за 1,5 денари, а на дизелот за 3 денари по литар. Пониски цени добија и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.
