Во САД се пријавени нови речиси 89 000 заразени, додека во Франција се потврдени 45 422 случаи на новозаразени
САД синоќа пријавија рекорден број новозаразени со ковид-19 во 24 часа, со 88 973 нови случаи, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Ова втор ден со вакви високи дневни бројки на новозаразени, откако претходниот ден имаше 79 963 лица со симптоми на ковид-19.
Во изминатите 24 часа починале нешто над 900 лица.
Зголемен број на новоинфицирани има во 35 од 50 сојузни држави, а најтешка е ситуацијата на Средниот запад.
На европски тло, Франција е рекордер во последните 24 часа со потврдени 45 422 случаи на новозаразени, што е најголема дневна бројка досега и починати 138 лица. Тоа е за околу 3 000 новоинфицирани повеќе отколку во петокот, кога беше регистриран и рекорден дневен биланс.
Досега во светот со коронавирус има 42 973 486 заразени, од кои 1 155 224 починале, покажува статистиката на сајтот Ворлдометерс, кој ги добива податоците од СЗО.
Од вкупно заразените, активни се 10 134 983 од кои 99 отсто се со лесни симптоми, а само еден процент или 77 249 се со тешка клиничка слика.
Во Азија, на прво место на листата е Индија со 7 864 811 заразени и 919 нови случаи и вкупно досега 118 567 починати. Во Јужна Америка, во Бразил има 5 381 224 и околу 157 починати.
Во Македонија, бројката на нови случаи на заразени во 24 часа вчера беше 404, но процентот во однос на бројот тестирани е висок – 26,5 отсто.
Вакви бројки во земјава има веќе десетина дена, поради што капацитетите на болниците достигнуваат критично ниво.
Министерот за здравстви Венко Филипче вчера кажа дека во моментов речиси 600 пациенти заболени или сомнителни на ковид-19 се сместени во инфективните одделенија низ земјава. Доколку болниците се преполнат, опција е пациенти да се испраќаат во други земји.
Русија 1 513 877 заразени од кои 16 710 се нови и 26 050 починати од кои 229 се починати.
Шоанија Франицја Аргентина Колумбија, со над милион зараени досега