Рускиот опозиционер Алексеј Навални е осуден на три и пол години затвор, откако московски суд денеска му ја активираше условната казна.
Навални е осуден за кршење на условна казна, што неговата одбрана го опишаа како апсурд, со оглед дека тој од август се лекуваше во Германија од труењето со нервен агенс новичок.
Навални на рочиштето побара некој да му објасни како можел да ги извести властите за тоа каде се наоѓа додека е во кома.
„Зошто седите овде и му кажувате на судот дека не сте знаеле каде сум. Јас паднав во кома, потоа бев на интензивна нега, а потоа и на рехабилитација. Контактирав со мојот адвокат за да ви испратам информации. Вие ја имавте адресата , мои информации за контакт. Што друго би можел да направам за да ве известам“,
праша Навални.
Навални, пренесува Си-Ен-Ен, го опиша Путин како „мал крадец во неговиот бункер“, кој како што рече, се навредил од фактот што Навални преживеал.
Но, руските власти сметаат дека неговото непријавување во периодот додека бил на лекување претставува повреда на условната казна.
„Судот донесе одлука за задоволување на предлогот на Сојузната казнено-поправна служба,
рече судијката Наталија Репникова, пренесе ДПА.
Рускиот опозиционер беше уапсен веднаш по слетувањето во Москва на 17 јануари, што предизвика протести низ целата земја, а илјадници демонстранти беа приведени.