Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој беше критикуван од претседателот Володимир Зеленски за пребавно враќање на услугите, рече дека работата продолжува со рекордно темпо
Четири дена по разорниот напад на градската инфраструктура речиси цел Киев има вратена струја, објави воената администрација во главниот град на Украина.
Во најголем дел функционира струјата, водата, парното и мобилната телефонија, порачано е преку апликацијата Телеграм. Завршните работи на електричната мрежа продолжуваат, но можни се локални прекини поради големата потрошувачка.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, кој беше критикуван од претседателот Володимир Зеленски за пребавно враќање на услугите, рече дека работата продолжува со рекордно темпо.