Американското министерство за финансии објави дека и покрај санкциите кон Сирија кои содржат силни исклучоци за хуманитарна помош, сепак, донесена е одлука за одобрување помош за оваа земја
Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, потврди дека првиот хуманитарен конвој на ОН пристигнал во Северозападна Сирија, а се состоел од шест камиони кои превезувале засолништа и други потребни средства за помош
Речиси 22 000 луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот на 6 февруари, иако Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека сè уште не се знае целосниот обем на катастрофата.
Според последниот биланс, бројот на загинати во Турција се искачи на 18 342, а во Сирија досега се регистрирани вкупно 3 377 жртви. Со тоа, вкупниот број на загинати во двете земји се искачи на 21 719 за само пет дена.
Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините, додека десетици илјади луѓе на минусни температури ги поминуваат деновите во импровизирани засолништа, откако ги загубија своите домови.
Во меѓувреме, се забрзуваат меѓународните напори за помош.
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе обезбедат итна помош од 85 милиони долари за Турција и за Сирија, вклучително и лекови и храна за да им помогнат на семејствата погодени од земјотресите.
„Нашите срца остануваат со народот на Турција и на Сирија“,
напиша американскиот претседател Џо Бајден на Твитер, објавувајќи ја помошта за двете земји.
The United States will provide $85 million in urgently-needed aid in the wake of the Türkiye and Syria earthquakes – including food and shelter, supplies to help families brave the cold, and medicine to help save lives.
— President Biden (@POTUS) February 9, 2023
Our hearts remain with the people of Türkiye and Syria.
Американското министерство за финансии објави дека и покрај санкциите кон Сирија кои содржат силни исклучоци за хуманитарна помош, сепак, донесена е одлука за одобрување на помош за оваа земја.
„Санкциите на САД во Сирија нема да застанат на патот на спасувачките напори за сирискиот народ. Министерството за финансии издава општа генерална лиценца за да ги одобри напорите за помош при земјотресот, така што оние што даваат помош, можат да се фокусираат на она што е најпотребно – спасување животи и обнова“,
изјави заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо, додавајќи дека оваа лиценца ќе трае шест месеци.
Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, потврди дека првиот хуманитарен конвој на ОН пристигнал во Северозападна Сирија, а се состоел од шест камиони кои превезувале засолништа и други потребни средства за помош.
„Повеќе помош е на пат, но потребно е многу, многу повеќе. Мораме да ги ставиме луѓето на прво место“,
изјави генералниот секретар на ОН.