Бројот на новозаразени со новиот коронавирус секојдневно се менува. Од почетокот на епидемијата до сега регистрирани се повеќе од 33 милиони лица со ковид-19.
Во моментов активни се 7,6 милиони случаи, а над 24 милиони се водат како оздравени. Бројот на смртни случаи кои починале со ковид-19 досега изнесува 998 илјади или приближно еден милиони.
Засега во САД има најмногу регистрирани случаи или 7,2 милиони од кои 209 илјади починаа, а 4,5 милиони оздравеа. Во моментов има 2,5 милиони активни случаи на ковид-19.
По САД следува Индија со 5,9 милиони дијагностицирани од кои 94 илјади починале, а 4,9 милиони се оздравени. Во моментов има 956 илјади активни случаи.
Трета земја во светот со најмногу дијагностицирани случаи е Брзил со вкупно 4,7 милиони од кои околу 142 илјади починаа, а нешто над 4 милиони лица оздравеа. Во моментов има 525 илјади активни случаи.