САД достигна бројка над 7 милиони дијагностицирани пациенти со ковид-19 од кои во моментов активни се 2,5 милиони.
Откако пандемијата на почетокот најсилно ја погоди областа Њујорк, а потоа во текот на летото се префрли во југоисточниот и југозападниот дел од земјата, сега заразата се шири во градовите со многу помала популација во средишниот дел на земјата, и тоа најчесто во нејзините конзервативни делови каде голем број жители се противат на носењето маски.
Ширењето на инфекцијата сега предизвикува нови проблеми во болниците, училиштата и универзитетите на Средниот Запад од САД.
Во САД просечно дневно се регистрираат по повеќе од 40 илјади нови случаи на ковид-19. Тој број сега е значително помал од пикот што беше забележан во текот на летото, кога имаше по речиси 70 илјади новозаразени дневно, иако и сега се тоа загрижувачки бројки.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во земјата токму оваа недела веќе надмина 200 илјади, што е највисока бројка во светот.