Луѓето што пушат цигари се поранливи на ковид-19 и кај нив е поголем ризикот од компликации, посочува Министерството за здравство.
„При пушење цигара, прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на ковид-19 и затоа треба да бидат особено внимателни. Пушачите, исто така, може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања“,
стои во објавата на фејсбук-профилот на министерот Венко Филипче.
Според здравствените власти, состојбите што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги ставаат пациентите во поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како што е пневмонијата.