И покрај првичните индиции, од Обвинителството велат дека настанот треба да биде испитан во целост. Од страна на јавен обвинител се издадени повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот
По неофицијалните објави во дел од медиумите дека починатите биле во љубовна врска и дека малолетната девојка претходно го пријавувала своето 21-годишно момче за насилство, од Обвинителството соопштија дека на 16 октомври годинава против него имало пријава за загрозување на сигурноста, по која веднаш почнало да се постапува, а во меѓувреме, му биле определени мерки за заштита од семејно насилство
Првичните индиции за случајот во Богданци упатуваат на убиство и самоубиство – велат од Јавното обвинителство.
Од МВР претходно денеска објавија дека по пријава на граѓанин, полицијата пронашла две безживотни тела и опожарен автомобил на местото викано „Ичева чешма“ во Горно Село во Богданци.

И покрај првичните индиции, од Обвинителството велат дека настанот треба да биде испитан во целост.
На местото на настанот е извршен увид од страна на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а издадени се повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот.
„Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видеонадзор“,
соопштија од Јавното обвинителство.
По пријава од граѓанин, гевгелиската полиција вчеравечер на местото местото „Ичева чешма“ во Горно Село во Богданци затекнала безживотно тело на машко лице (21) кое се наоѓало во близина на опожарено возило. По локализирање на пожарот, во опожарениот автомобилот било забележано уште едно лице без знаци на живот.
По неофицијалните објави во дел од медиумите дека починатите биле во љубовна врска и дека малолетната девојка претходно го пријавувала своето 21-годишно момче за насилство, од Обвинителството соопштија дека на 16 октомври годинава против него имало пријава за загрозување на сигурноста, по која веднаш почнало да се постапува. Во меѓувреме, на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство.
