Во Штип денеска се регистрирани шест нови случаи на коронавирус и таму сега бројката на заразени изнесува вкупно 14 лица
Меѓу последните дијагностицирани случаи на коронавирус во земјава се и првите случаи на заболени во Струмица и во Гевгелија.
Според податоците на Министерството за здравство, по еден случај е регистриран и во двата града.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 18 нови случаи на коронавирус во земјава, а вкупната бројка на дијагностицирани се искачи на 259.
*Поврзана вест: Починаа уште две лица од коронавирус, на 31 и 91-годишна возраст
По градови од новозаразените, состојбата е следна: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1.
*Поврзана вест: Директорката на болницата во Охрид ќе биде разрешена по случајот со починатата стружанка
Министерот за здравство Венко Филипче денеска првично соопшти дека се регистрирани 16 новозаразени, но Институтот за јавно здравје во текот на прес-конференцијата потврдил уште двајца позитивни.
Од вкупната бројка на 259 дијагностицирани пациенти со ковид-19, според местото на живеење, дистрибуцијата е следна: Скопје – 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга- 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1.
*Поврзана вест: Досега нема заболени од ковид-19 меѓу луѓето сместени во карантин