Обезноста (дебелината) на 31-годишниот маж што е еден од двајцата починати во последните 24 часа, е резик-фактор за пациенти на интензивна нега генерално, рече министерот Филипче
Неговата клиничка слика драматично се влошила во краток период и, на крај, практично се случил распад на белите дробови, што е типична слика за најтешките форми на болеста опишани во литературата, рече Филипче
Во текот на последново деноноќие починаа уште две лица на Инфективната клиника во Скопје, едниот на возраст од 31 година, а другиот на 91-годишна возраст, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
За починатиот пациентот на 31-годишна возраст, Филипче рече дека веднаш по влошувањето на состојбата бил поставен на респиратор, но неговата клиничка слика била во најлоша можна форма.
„Еден ризик фактор е обезноста (н.з. дебелината) што ја имал, но клиничката слика што ја покажал и начинот на нејзино влошување е најтешката форма која што е опишана во медицинската литература – со нагло влошување и тој веднаш е поставен на респиратор. Меѓутоа, клиничката слика била со крварење и, на некој начин, распад на белите дробови“,
рече Филипче.
Филипче кажа дека во последниве 24 часа се регистрирани нови 16 лица позитивни на корнавирусот и вкупниот број изнесува 257 дијагностицирани пациенти.