Две лица од Крушево се позитивни на коронавирусот. Лицата се во добра општа состојба и се во контролирана изолација, информира градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Тој вели дека заразените случаи се потврдени од Центарот за јавно здравје од Прилеп, а во моментот инспекциски служби и здравствени работници работат на терен за утврдување на евентуални други лица кои биле во контакт со заразените.
„Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат и се наоѓаат дома. Лошо е оговарањето, паушалните и непроверени заклучоци и стигматизацијата која се прави кон овие лица. Должни сме непроверените и паушални муабети и оговарања да ги пресретнеме се со цел да не се создава паника и омраза меѓу моите сограѓани“,
вели Христоски.