Во март 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 67 240 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Северна Македонија во март годинава изнесува 44 763 денари, што претставува значително зголемување од 10,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.
Овој раст е резултат на зголемувањето на платите во неколку клучни сектори. Најголем пораст е забележан во образованието со 15,8 отсто, потоа со рударство и вадење на камен со 14,1 отсто и административни и помошни услужни дејности со 12,5 отсто.
Во споредба со претходниот месец, февруари 2025, има зголемување на просечната нето-плата и тоа е најизразено во секторите рударство и вадење на камен – 12,3 отсто, уметност, забава и рекреација 6,8 отсто и преработувачка индустрија 6,4 проценти.
Во март 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 67 240 денари.