Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, кој во североисточните и централните делови на моменти ќе надминува брзина од 60 km/h
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денес. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, кој во североисточните и централните делови на моменти ќе надминува брзина од 60 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

И во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h, соопшти УХМР.
