Случајот „Плацови на Водно“, за кој Орце Камчев доби притвор, денови го делат од завршување на истражната постапка и покренување обвинение, пишува „Призма“.
Од една до десет години затвор им се закануваат на осомничените во оваа афера ако бидат обвинети и правосилно осудени. Покрај Камчев, меѓу нив се и Сашо Мијалков и Никола Груевски.
„Плацовите на Водно“ беше дел од „Империја“, но обвинителите ја извадиле оттаму и ја процесираат како посебен случај. Станува збор за атрактивни плацови на Водно за кои има сомнежи дека ги купувал Груевски со пари од партиските донации за сума од 1,3 милион евра.
Истрагата за случајот „Империја“, пак, е отворена повеќе од две години. Заглавена е кај вештачењето, кое се очекува да одговори на сложените финансиски и сметководствени прашања поврзани со енормната документација во случајот.
Вештите лица за случајот „Империја“ имаат полни раце работа. Извори од истрагата за „Призма“ потврдуваат дека станува збор за околу 100 илјади документи. Како што велат од Обвинителството, само за предметот со продажбата на „ЗИК Пелагонија“, ќе требаат три обвинителства поради многубројните трансакции.
Проценетата штета во „Империја‘, барем онаму до каде што стигнало СЈО, се мери во десетици милиони евра.
Корените за овој предмет, анализира „Призма“, почнуваат да ’ртат од деловните односи на три фирми кои постоеле пред 17 години: „Хилдебранс ДООЕЛ“, „Наска“ и „Текс-текс“.
Како од незаконски поврат на ДДВ, воени униформи и офшори е стигнато до „Империја“ прочитајте ТУКА.