Пет илјади комплети за тестирање, 5 000 заштитни одела, 30 000 заштитни медицински маски (од кои 10 000 N95 и 20 000 хируршки маски), 10 000 медицински очила, 20 000 пара ракавици, 10 000 парчиња за заштита за чевли пристигнаа денеска на скопскиот аеродром како помош од Кина за нашата земја.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој е и национален координатор за распределба на странска помош и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо остварија видео-конференција на која испратија пораки до јавноста.
„На скопскиот аеродром денеска пристигнаа преку пет илјади КОВИД тестови кои ни се исклучително неопходни и чии можности за набавка се ограничени, како и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн“, рече Османи, кој сезаблагодари до кинеските власти и до амбасадорот Џанг Ѕуо, за огромниот ангажман во обезбедувањето на оваа поддршка.„На скопскиот аеродром денеска пристигнаа преку пет илјади ковид тестови кои ни се исклучително неопходни и чии можности за набавка се ограничени, како и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн“,
рече Османи, кој сезаблагодари до кинеските власти и до амбасадорот Џанг Ѕуо, за огромниот ангажман во обезбедувањето на оваа поддршка.
Османи рече дека ова не е инцидентна поддршка, туку претставува дел од континуираната помош која Кина ја обезбедува за нашата земја и претставува доказ за одличната соработка како со амбасадорот Џанг Ѕуо и неговиот тим, така и севкупно со кинеската држава.
„Пред предизвикот со епидемијата од ковид-19, судбината на сите земји е меѓусебно поврзана. Ниту една земја не може да се справи со оваа епидемија сама. Кина и Северна Македонија се добри пријатели, добри партнери и браќа. Во најкритичниот период на превенцијата и контролата на епидемијата во Кина, водачите и пријателите од Северна Македонија ја изразија својата поддршка и симпатија за кинеската влада и кинескиот народ. Кина секогаш ќе го има ова во предвид“,
рече кинескиот амбасадор.
Тој нагласи дека и покрај тоа што Кина се уште се соочува со задачите за превенција и контрола на домашен терен, успеала да одговори на итното барање од страна на нашата Влада.
„Битката против ковид-19 нè натера да сме посвесни дека сме во заедничка единица на човечката судбина. Кина и Северна Македонија, како и другите земји од Централна и Источна Европа треба да направат порешителни напори и да работат заедно со поблиска координација и соработка. Треба да испратиме порака за партнерство, солидарност и взаемна помош за да обезбедиме рана победа против ковид-19 заедно и да продолжиме да ја продлабочуваме соработката 17 + 1“,
рече амбасадорот на Кина.
Тој најави дека на почетокот на следниот месец Националната здравствена комисија ќе одржи видеоконференција за министрите за здравство и медицинските експерти, на која ќе го покани и министерот Венко Филипче заедно со другите земји од Централна и Источна Европа, за да ја координира меѓународната соработка, да размени антиепидемиски искуства за заедничка заштита на глобалното јавно здравство.
„Верувам дека под силно водство на владата, мудрите и посветени луѓе во Северна Македонија ќе победат во борбата против епидемијата што е можно поскоро“,
рече кинескиот амбасадор.