Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, на обвинетиот му е одредена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во наредните три години не стори друго кривично дело
Настанот се случи на 2 мај, а шест дена подоцна Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), поднесе обвинителен предлог, според кој, обвинетиот по вербална расправија во семејниот дом почнал да ја удира својата сопруга по лицето и главата, а потоа се обидел и да ја дави фаќајќи ја за вратот
Полицискиот службеник, дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој на почетокот на мај заврши во притвор поради семејно насилство врз сопругата, на денешното рочиште признал вина, по што од скопскиот Основен кривичен суд му е изречена условна казна.

Како што информираа од Основниот кривичен суд Скопје, на обвинетиот му е одредена условна казна затвор од една година и шест месеци, која нема да се изврши доколку во наредните три години не стори друго кривично дело.
„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1,6 години доколку во наредните три години не стори друго кривично дело“,
велат од Кривичен.
Полицискиот службеник Р. Р. се гонеше за кривичното дело телесна повреда. Настанот се случи на 2 мај, а шест дена подоцна Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), поднесе обвинителен предлог, според кој, обвинетиот по вербална расправија во семејниот дом почнал да ја удира својата сопруга по лицето и главата, а потоа се обидел и да ја дави фаќајќи ја за вратот. Жртвата, за да се спаси, првин се засолнила во тоалетот, а кога сакала да излезе од станот, обвинетиот ѝ го одзел и го оштетил мобилниот телефон. Жената, заедно со ќерката, потоа побарала помош кај сосетката, која ги примила во својот дом.
Прашан за случајот, премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на мај изјави дека лицето е дел од претходницата која не ја гледа често, додавајќи дека сопругата на напаѓачот е ќерка на негов колега од факултет.
Реакцијата на надлежните, додаде тој, е јасен доказ дека во државата веќе нема повластени лица и дека законите се применуваат подеднакво за сите.
