Коалицијата „Обнова“ бара физичко пребројување на гласовите од изборите, предупредувајќи на голема бројка на неважечки ливчиња
Управниот суд ја одби и тужбата поднесена од МОРО – Работничка партија, која беше последна на денешната јавна седница, јави МИА.
„Управниот суд ја информира јавноста дека закажаната јавна расправа по тужбата поднесена од МОРО-Работничка партија е завршена и изреката на одлуката со која тужбата се одбива и се потврдува решението на Државната изборна комисија е јавно соопштена на овластениот претставник“,
информираат од Управен суд.
Претходно, овој Суд ги одби како неосновани сите 101 тужба поднесени од Левица, 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, односно тужби поднесени против решенијата на ДИК, од страна на Социјадемократската унија и политичката партија Демократи.
За утре се закажани и последните јавни расправи за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија.