За разлика од периодот пред одредувањето на новиот изборен датум, кога имаше многу разногласија во ДИК, Деркоски и Кондарко сега се најдоа на иста линија во ставот дека Комисијата е неосновано цел на критики на социјалните мрежи, иако изборите, како што посочија, биле регуларни
Државната изборна комисија ги отфрли или одби како неосновани сите приговори што ги поднесоа неколку учесници во изборната трка за гласањето или за резултатите од изборите во средата.
На крајот на седницата, членот на ДИК од СДСМ Борис Кондарко рече дека партиите имаат право на жалба на одлуките на ДИК до Управниот суд. Откако, како што рече, ќе биде завршена второстепеноста на постапката, ДИК ќе ги објави официјалните резултати и ќе им даде уверенија на новите пратеници.
Тој нагласи дека, со оглед на отфрлањето на приговорите, остануваат истите резултати и распределба на мандати што ДИК ги соопшти во четвртокот вечерта, откако, по завршувањето на изборите беше блокирана апликацијата за презентација на билансите од изборите.
„ДИК не е шалтер за изгубено-најдено, па некоја партија, ако ѝ фалат гласови, да ги бара во тука. ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните, ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните“,
рече Кондарко во текот на седницата, зборувајќи за приговорите, кои во поголем дел се однесуваа на резултатите од гласањето.
Кондарко истакна дека сите записници на избирачките одбори биле чисти и потпишани од целокупниот состав. Не виделе ниту една забелешка за текот на гласањето, ниту за сумирањето на резултатите.
„Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одѕивот. Никој не може да манипулира за наводни неправилности во работата на ДИК. Ова што се наведува во приговорите е класично мешање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес. Приговорните се целосно паушални и неосновани. ДИК не работи врз основа на Фејсбук, туку врз основа на закон“,
рече Кондарко.
За разлика од периодот пред одредувањето на новиот изборен датум, кога имаше многу разногласија во ДИК, Кондарко и претседателот на Комисијата Оливер Деркоски сега се најдоа на иста линија во ставот дека Комисијата е неосновано цел на критики на социјалните мрежи, иако изборите, како што посочија, биле регуларни.
„Да не се правиме сега како никогаш досега да немало рачно пребројување на гласови, кога тоа се прави со децении наназад на избирачките места. На терен имавме околу 35 илјади администрација плус сите тие претставници на кандидатските листи и на партиите. Се беше согласно со законите. Но ДИК стана цел на шпекулативни и лажни вести на социјалните мрежи, за да се наруши кредибилитетот на институцаијата. Ги поздравувавам сите оние на фејсбук кои мислат спротивно од мене, но јас никогаш нема да дозволам да работам спротивно на Уставот и на законите“,
рече Деркоски.
До ДИК беа поднесени вкупно 2.142 приговори за гласањето и за сумирањето и утврдувањето на резултатите од изборите на 15 јули. Најмногу приговори поднесе Левица, од кои повеќето биле без потпис на овластен претставник на партијат, така што беа отфрлени.
„