Законодавството вклучува 60 милијарди долари за тековната војна на Киев против инвазијата на Москва, како и 26 милијарди долари за Израел и хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони, вклучително и Газа, и 8 милијарди долари за Индопацифичкиот регион
Претставничкиот дом на САД со широка двопартиска поддршка го усвои пакетот од 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван, со што долго оспоруваното законодовство од страна на републиканските тврдокорни е на пат кон Сенатот, пренесува Ројтерс.
Законодавството вклучува 60 милијарди долари за тековната војна на Киев против инвазијата на Москва, како и 26 милијарди долари за Израел и хуманитарна помош за цивилите во конфликтните зони, вклучително и Газа, и 8 милијарди долари за Индопацифичкиот регион.
Сенатот со демократско мнозинство се очекува да го преземе законот во вторник, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за да биде потпишан.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност, велејќи дека американските законодавци се придвижиле да ја задржат „историјата на вистинскиот пат“.
„Виталниот предлог-закон за американска помош усвоен денеска од Претставничкиот дом ќе спречи проширување на војната, ќе спаси илјадници и илјадници животи“,
рече Зеленски.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека овој закон ќе ги направи САД уште побогати и истовремено „уште повеќе ќе ја уништи“ Украина.
„Уште повеќе Украинци ќе загинат поради режимот во Киев“,
рече Песков.
Според него, легислативата што ќе и овозможи на американската Ввлада да ги одмрзне руските средства во корист на обновата на Украина, „ќе предизвика непоправлива штета на американскиот имиџ“.
Песков рече дека Русија ќе одговори со мерки во сопствен интерес.