Пакетот вклучува 60 милијарди долари за Киев, 14 милијарди долари за војната на Израел против Хамас и 10 милијарди долари за хуманитарна помош во конфликтните зони, вклучително и во Газа
Американскиот Сенат го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколкумесечни политички расправии, пренесува Би-би-си.
Пакетот вклучува 60 милијарди долари за Киев, 14 милијарди долари за војната на Израел против Хамас и 10 милијарди долари за хуманитарна помош во конфликтните зони, вклучително и во Газа.
Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и претходно се изјаснија и гласаа против овој закон.
Предлог-законот сега ќе оди во Претставничкиот дом, каде што, како што пишува Би-би-си, неговата судбина останува неизвесна. И покрај критиките од претседателот на републиканскиот дом Мајк Џонсон, овој закон помина, што како што пишува Си-ен-ен, претставува пресметка со Претставничкиот дом.
Пакетот вклучува и повеќе од 4 милијарди долари средства за индопацифичките сојузници.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека им е благодарен на сенаторите што го усвоиле.
„За нас во Украина, континуираната американска помош помага да се спасат човечки животи од рускиот терор. Тоа значи дека животот ќе продолжи во нашите градови и ќе триумфира над војната“,
напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.
I am grateful to @SenSchumer, @LeaderMcConnell, and every US Senator who has supported continued assistance to Ukraine as we fight for freedom, democracy, and the values we all hold dear.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 13, 2024
For us in Ukraine, continued US assistance helps to save human lives from Russian terror.…
Гласањето дојде по целовечерната седница на Сенатот за време на која неколку републиканци одржаа говори во кои ја критикуваа мерката.
Разгледувањето на законот се одолговлекуваше со денови бидејќи група десничарски републиканци предводени од сенаторот Ренд Пол од Кентаки ветија дека ќе го забават процесот.
„Зарем не треба прво да се обидеме да ја поправиме сопствената земја“,
рече тој.
Некои прогресивни пратеници, вклучително и демократот Џеф Меркли од Орегон и независниот Берни Сандерс од Вермонт, исто така гласаа против нацрт-законот поради загриженоста за поддршка на израелското бомбардирање на Газа.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, во меѓувреме го поздрави усвојувањето на законот.
Тој рече дека со ова Сенатот му кажува на Путин дека ќе зажали за денот кога ќе ја доведе во прашање решителноста на Америка.
Сенаторот Ренд Пол, републиканец од Кентаки, во говорот рече дека не може да гласа за испраќање повеќе бомби и гранати во Израел кога тие ги користат на неселективен начин против палестинските цивили.
САД се еден од најголемите даватели на помош за Украина. Белата куќа пред неколку месеци побара од Конгресот да усвои нацрт-закон кој вклучува странска помош.