Во Скопје претпладне се очекува магла и ниска облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд
Облачно и магловито – вакво време според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се очекува денеска во земјава, особено во претпладневните часови и по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -5 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне се очекува магла и ниска облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -2 до максимални 6 степени.
За утре, УХМР прогнозира облачно време со повремени врнежи од дожд.