Оваа опција, објаснува Лукаревска, не е задолжителна, тој што нема да се изјасни за донирање, средствата од неговиот поврат ќе се исплатат на неговата трансакциска сметка веќе од 6 мај
Граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ од денеска ќе можат да го донираат својот поврат на ДДВ за првото тримесечје од 2020 година за борбата против вирусот ковид-19.
Во апликацијата постои опција „скенирам и донирам“, која граѓаните можат да ја изберат и со тоа да го донираат целиот износ на ДДВ за кој имаат право на поврат.
Донацијата се состои во три чекори, објаснува директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Првиот чекор кога ќе се влезе во апликацијата да се избере опцијата „скенирам и донирам“.
Понатаму, вториот чекор е да се избере „донирам“, за веќе во третиот да се појави прашањето „Дали сакаш да го донираш твојот ДДВ поврат за јануари-март 2020 во борба против ковид-19 за потребите на здравствениот систем и социјална заштита?“.
Понудените одговри се: „Да, го донирам мојот поврат на ДДВ‘’ и „Не, благодарам“, а граѓаните ќе може да се изјаснат најдоцна до петти мај 2020 година.
Оваа опција, објаснува Лукаревска, не е задолжителна, тој што нема да се изјасни за донирање, средствата од неговиот поврат ќе се исплатат на неговата трансакциска сметка веќе од 6 мај.