Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во изјава за МИА рече дека најважно е што навремено се евакуирани сите лица што престојуваат во домот и што во пожарот нема жртви
Избувна пожар во старски дом во кавадечкото село Чемерско, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес.
Оттаму велат дека на терен интервенираат десет пожарникари со три противпожарни возила.

Покрај пожарникарите, на местото на пожарот се наоѓаат и три медицински тима и две полициски возила со осум полицајци.
„Се евакуираат 30 лица што се сместени во старскиот дом со два минибуса“,
се вели во соопштението од РЦУК Велес.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во изјава за МИА рече дека најважно е што навремено се евакуирани сите лица што престојуваат во домот и што во пожарот нема жртви.
„Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила. Лицата што престојуваа во домот ќе се транспортираат до Општата болница во Кавадарци, од каде што нивните семејствата на ќе можат да ги преземат“,
рече Јанчев.