Седницата во Собрание на која на дневен ред е предлог – законот за јавно обвинителство и измените на Законот за Совет на јавни обвинители наместо да почне во 17 часот, доцни повеќе од два часа.
Од собраниските служби пак најавуваат дека наскоро ќе почне седницата.
Иако нема информации која е причината за доцнењето, тоа доаѓа откако денеска со изјави излегоа партии од албанскиот опозициски блок, Алијанса за Албанците и Беса, дека нема да го поддржат законот бидејќи предвидува амнестија на корумпираните лица.
Попладнево изјава имаше и коалициониот партнер во Владата, Али Ахмети, кој изјави дека тие ќе го поддржат текстот на законот кој синоќа бил усогласен на владина седница, но тој спомена и дека бил информиран за некакви промени направени подоцна.
„Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето. Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено“,
изјави денеска Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања.
Од редовите на СДСМ, пак, доаѓаат изјави дека седница ќе има и треба да почне наскоро, како и дека во Собрание најверојатно ќе помине оној закон кој помина и на владината седница. Оттаму во исчекување на стартот на седницата коментираат дека ако има потреба може да се поднесат амандмани на седницата на Комисијата за европски прашања, која мора да заврши за два дена бидејќи законот е со европско знаменце.
Владата го достави законот за ЈО во парламентот, ќе се гласа в среда?
(ВИДЕО) Беса и Алијанса за Албанците нема да го поддржат законот за ЈО