Европската комисија денеска го поздрави компромисот помеѓу сите политички партии за законот за јавно обвинителство.
Во писмениот одговор до МИА, Европската комисија истакнува дека е запознаена со остварениот напредок во преговорите за законот за јавно обвинителство во текот на овој викенд и го поздравува тоа што политичарите, во дух на компромис, го ставаат националниот интерес над сѐ.
Европската комисија потсетува дека носењето на овој закон е „важен сигнал“ на патот на Северна Македонија кон ЕУ.