Кривичен совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје доцна попладневно го потврдил притворот од 30 дена за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, правобранителката Емилија Радојкова, бизнисменот Марјан Јованов, членот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митревски и уште три други лица.

Судот потапувал по жалбите на осумте лица осомничени од Јавното обвинителство за злоупотреба на службената положба при продажба на државни парцели.
„По разгледување и ценење на фактите и наводите на странките во
се вели во соопштението на ОСС 1 Скопје
постапката, советот донесе решенија со кои ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка со кои за 8 – те лица се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и им се определува мерка притвор во траење од 30 дена“,
Интересно е што од судот известија дека кривичниот совет ја одржал седницата во присуство на странките, што претпоставува дека во судот бил присутен и Миле Јанакиески. А токму денес, истот суд, одложи рочиште за случајот на СЈО познат како „Насилство во Центар“ затоа што полицијата не го нашла екс-министерот дома, каде до пред три дена беше во куќен притвор.
Истрагата за случајот злоупотреби со продажба на државно градежно земјиште ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во петокот. Пред судот беа изведени десет лица со барање за притвор, но обвинителството потоа побара поблаги мерки за обезбедување присуство за две лица од групата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени случајот како нарачан атак на инструираното обвинителство.